Силен дожд наврна во Загреб и околината, дувал силен ветер и се слушнале силни грмежи, пишува 24сата.хр.

Невремето им создало проблеми на возачите на автопатот кон Босиљево. Паѓал мраз со големина на орев, додека сообраќајот се одвивал отежнато.

Граѓаните биле вознемирени од силните грмежи, но и од дождот кој предизвикал порои. Силен дожд наврнал и Западно од Загреб.

📸

Утре во Македонија променливо, облачно и нестабилно

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, велат од УХМР.