Босанскиот пејач Маид Хеќимовиќ и неговата сопруга Ајла го очекуваат своето четврто дете, а сега на социјалните мрежи открија дека по три сина, ќе добијат и девојче.

Хеќимовиќ сподели видео каде што тој, заедно со сопругата и синовите, дознал дека ќе добијат ќерка, и го прославил тоа со прегратки.

„Ќе добиеме девојче. Пресреќни сме, возбудени сме и едвај чекаме, љубов“, напиша пејачот покрај семејните фотографии.

Да потсетиме дека Маид е во брак со Ајла од 2018 година, а заедно имаат три сина – Рајан (6) и близнаците Лени и Енди (3).

Хеќимовиќ стана познат во 2013 година со учеството во натпреварот „X Factor“, кога го освои третото место.