Речиси пеплосана до темел е модуларната ковид болница во Тетово.

Според фотографиите од терен се гледа дека во моментов крим техника влезе на увид во болницата, а починатите се пребројуваат надвор од неа.

Неофицијално според телевизија Сител има околу 30 починати пациенти, но и медицински персонал.

На местото на пожарот се градоначалничката на Тетово Теута Арифи, министерот за здравство Венко Филипче како и премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

📷

📷

📷