Петгодишно момче, кое неодамна било евакуирано од Кабул, починало во Полска, откако изело отровни печурки.
Неговиот шестгодишен брат, кој исто така ги јадел истите печурки, имал трансплантација на црниот дроб и сега се бори за живот во болницата.
Момчињата и нивната 17-годишна сестра биле примени во болница минатата недела. Сестрата набрзо била отпуштена бидејќи била во добра здравствена состојба, пишува Скај њуз.
Семејството ги собрало и изело смртоносните печурки, кои се меѓу најотровните во светот, во шумата околу бегалскиот центар во Подкови Лесна кај Варшава. Постариот брат имал успешна трансплантација на црниот дроб, но труењето со печурки му предизвикало сериозно оштетување на мозокот.
Некои од членовите на нивното семејство, исто така, ги јаделе овие печурки и се хоспитализирани во други болници и сега се опоравуваат.Таткото на момчето работел за Велика Британија и полските власти минатиот месец го евакуирале него и неговото семејство од Авганистан.
Смртоносните печурки собрани од семејството лесно можело да се помешаат со печурки за јадење што растат во Полска и изгледаат многу слично.
Обединетото Кралство евакуира 15.000 луѓе од Кабул, вклучувајќи 8.000 Авганистанци кои работеле за Британците и нивните семејства.