Денеска, по кратко и тешко боледување, на 77-годишна возраст почина доктор Иван Рамбабов, специјалист ортопед. Основач на Ортопедскиот оддел во Клиничката болница во Штип, каде го води тимот кој за првпат почнува со имплантации на „вештачки колк”.

Бил пратеник во првиот парламентарен состав на Република Македонија и долгогодишен директор на Медицински центар-Штип.

Погребот ќе се изврши утре на 14.04.2023 на градските гробишта во Штип, во 13 часот.