Репрезентацијата на Англија на крајно сомнителен начин се пласираше во финалето на Европското првенство откако по продолженија ја совлада Данска со 2-1. Сепак, и покрај големото славје за историскиот успех, Англичаните нема да поминат без последици.
На нив им се заканува казна и тоа за три различни инциденти. Најпрво поради ласерите кои навивачите ги вперија во лицето на Каспер Шмајхел во текот на изведувањето на пеналот на Хари Кејн.
При изведувањето на пеналот на Хари Кејн, на тв екраните се виде дека некој со зелен ласер се обидува да го попречи голманот на Данска, Каспер Шмајхел, УЕФА покрена истрага поради тоа.
УЕФА потврди дека покренува истрага против Англија за три работи, ласерот, свиркањето на химната, и палење на факел од страна на навивиач.
„Отворена е дисциплинска постапа по полуфиналниот натпревар на ЕП 2020 меѓу Англија и Данска кој се одигра на 7 јули на Вембли во Лондон. Постапката е против Англија за употреба на ласер од навивачите, за свиркање за време на интонирањето на химните и палење факели од навивиачите“, стои во соопштението на УЕФА.
Телото за контрола во УЕФА во најкраток рок треба да одржи состанок и да одлучи како ќе биде казнета Англија. За сега се уште не е позната колкава казна ќе биде изречена.