По веста за смртта на голманот Никола Даниловски, уште една тажна вест го погоди македонскиот ракомет.
Почина Ристо Начевски, поранешен македонски судија што подоцна ја извршуваше и делегатската функција. Како судија ја делеше правдата заедно во тандем со Душко Камишевски и Марјан Огњановски.
Иако Начевски во последно време не беше активен во ракометот, сепак остави трага во овој спорт во Македонија.