Во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац денеска почина Ана Милетиќ (41), која боледуваше од тежок облик на тумор на мозокот.
Ненадејното заболување на Ана Милетиќ, младата жена Крагуевац и дијагнозата на малигнен тумор на мозокот минатото лето ја крена на нозе цела Србија.
За краток период се собраа пари да замине во Јапонија и да се лекува со иновативен лек кој има висок процент на лекување на туморот кој и беше дијагностициран кај Ана.
За жал, и покрај хируршките интервенции, зрачењето, хемотерапијата и иновативната јапонска медицина, Ана не ја надмина тешката болест.
Таа почина денеска во Универзитетскиот клинички центар во родниот Крагуевац. Ана беше мајка на шестгодишно девојче.
Ана Милетиќ (1982-2023) ќе биде погребана во недела на гробиштата Бозман во Крагуевац.