По кратко боледување, вчера на педесет и осум годишна возраст почина д-р Зоран Матев, специјалист по интерни заболувања, објави Фокус.
Триесет години беше вработен како лекар во ЈЗУ „Болница Јасеново“. Својата професионална кариера ја започна како лекар по Општа медицина.
По краток временски период од вработувањето доби специјализација по Интерна медицина. Како специјалист во реномираната болница работеше и откако доби супспецијализација на истата медицинска област.
Д-р Матев смртта го затекна во вториот мандат на функцијата директор на ЈЗУ „Болница Јасеново“ што започна да ја извршува во месец август 2017 година, информира порталот Дума.
Во болницата, денеска се одржа комеморативна седница на која за професионалниот животен пат пред колегите и вработените зборуваше неговиот колега и заменик, д-р Мире Петкоски специјалист по интерни заболувања.
Д-р Матев ќе биде погребан на гробиштата на Соборната црква „Свети Пантелејмон“ во Велес.