Познатиот украински фудбалски тренер почина на 62-годишна возраст.
Прес-службата од Ростов објави дека починал поранешниот фудбалер и тренер Игор Гамула. Засега не се објавени причините за смртта.
Токму во Ростов, Гамула беше назначен за тренер по оставката на Миодраг Гроф Божовиќ во 2014 година.
Работел и како тренер во Таврија, Черноморец, летонска Даугава, Закарпатија и Ростов.
Заедно со СКА-Ростов, Гамула го освои Купот на СССР во 1981 година.
Последна работа му беше аматерскиот клуб од московскиот шампионат – Ираклион.