Официјалната страница на нашиот Тоше Проески пренесе дека негово куче Бас замина кај својот сопственик:

– Денес Бас си замина кај својот сопственик 💔💔💔, објавено е на фан страната.

Неодамна, порталот milenicinja.mk објави дека Тоше го обожавал Бас и се грижел за него. Бил горд на него и го пријавувал на бројни изложби.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб — Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото фолксваген туарег (Volkswagen Touareg) кој со голема брзина удрил во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда.

Останатите двајца патници — возачот Ѓорѓе Георгиевски помина со потешки, додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, со полесни повреди.