Пејачот Маринко Роквиќ почина денеска, на 68-годишна возраст. Како што истакна неговото семејство во соопштението, тој починал по борба со рак на панкреасот.

Пејачот почина по тешка борба со ракот на панкреасот, соопшти семејството Роквиќ.

– Со голема тага ја информираме јавноста дека нашиот сакан сопруг, брат, татко и дедо Маринко Роквиќ утрово почина по тешка борба со ракот на панкреасот. Во овој исклучително тежок момент, семејството ве моли да ја почитувате неговата приватност. Деталите за датумот на погребот ќе бидат објавени подоцна.

Покрај Маринко, поради рак на панкреасот предвреме не’ напуштија и актерите Тихомир Арсиќ и Маринко Маџгаљ.

Тихомир Арсиќ почина на 7 декември 2020 година, а за време на тешката борба со опасната болест, отворено зборуваше за се, па и за смртта.

– Болеста е работа која треба нормално да ја третираме. Моето семејство ме поддржува и имам среќа што ме лекуваат одлични лекари. Не се плашам од смртта бидејќи мислам дека сум бесмртен, а единствено што ме загрижува е тоа што можеби нема да можам да направам нешто, рекол Арсиќ додека се борел со опасната болест.

– Можеби нема да можам да им се извинам на сите на кои им згрешив и можеби нема да можам да им помогнам на моите деца. Имам две возрасни ќерки и две помали деца, како и внука. Јас само би сакал да бидам тука поради нив. Верувам дека луѓето кои патат од тешка болест треба среќно да го поминат остатокот од животот, изјави тогаш актерот.

Актерот од помладата генерација, Маринко Маџгаљ почина на 36-годишна возраст, на 26 март 2016 година, по тешка битка со ракот на панкреасот.

Маџгаљ почина на 26 март во 2016 година по долгата битка со ракот. Освен што беше театарски и ТВ актер, тој беше и член на дуото „Фламингоси“, заедно со водителот Огњен Амиџиќ. На „Фламингоси“ за малку им избега учеството на „Евросонг“ во 2006 година, кога според мноогумина беа морални победници на српско-црногосркиот избор за песна на Евровизија со хитот „Луди летњи плес“.

Неговото семејство, напиша куса и емотивна објава која излезе во српските весници.

„Те сака, тагува и не те заборава… Твоето семејство“, стоеше во објавата.

Маџгаљ почина од канцер на панкреас кој му беше дијагностициран во 2015 година, кога итно беше опериран. Иако се чинеше дека закрепнува по операцијата, тој битката со кобната болест за жал ја загуби.