Со длабока тага Ве известуваме дека на 21.12.2021 година почина проф. д-р Весна Пендовска, долгогодишна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката во која делуваше.

Проф. д-р Весна Пендовска беше и поранешна Претседателка на Комисијата за хартии од вредност, продеканка на Факултетот и членка на Деканатската управа во неколку мандати.

Ќе остане запаметена како доајен од областа на финансовото право и финансиите.

Од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први” -Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје