Басистот и гитарист на хрватската група „Вигор“, Жарко Мариновиќ- Жаре, почина на 53 -годишна возраст од корона вирус.
Тажната вест беше објавена на официјалната страница на групата на Фејсбук.
Фронтменот на бендот Марио Рот со фотографија од починатиот музичар порача:
Мариновиќ боледуваше од корона вирус и тој беше единствениот член на Вигор кој не беше вакциниран. Тој беше хоспитализиран, а неговата состојба дополнително се влоши во неделата кога беше поврзан со респиратор, потврди ПР -агентот на бендот, Ведран Струкар.
Концертите што групата ги закажа за следниот викенд се откажани.
Групата Вигор имаше повеќе од 40 настапи ова лето и се едни од најпрометните хрватски изведувачи.