Двајца затвореници починале вчера и денеска во КПУ„Идризово“, информираше МВР.
-На 18.12.2021 во 13.10 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа затвор Идризово било пријавено дека починал осуденикот Ш.Ф.(76) од Охрид, кој имал здравствени проблеми. На 19.12.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека починал осуденикот Х.К.(44) од Република Албанија.
Од екипа на Итна медицинска помош во двата случаи била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатите биле предадени на обдукција.