Младиот војник Јаков В. (21) брутално е претепан ноќеска на главниот плоштад во Пожега, Хрватска. Лекарите се бореле за неговиот живот, но тој починал утрово во 9.20 часот, од здобиените повреди, јавија хрватските медиуми.
Полицијата го уапси М.К. (20) кој се сомничи дека го претепал младиот војник, а двајцата се од исто место и биле другари цел живот. Мотивот за тепачката се уште не е познат.
Но, според хрватските медиуми, постои надзорна снимка на која се гледа дека војникот е претепан со повеќе удари со нозе во главата.
– Заедно растеа од мали нозе, само една година се разлика. Се дружеа, делеа добро и зло. Нераздвојни беа, велат мештаните. Двајцата заедно тренирале и фудбал во локалниот клуб.
Јаков Б. бил припадник на Хрватската војска, а од таму велат дека момчето е најдено на паркинг кај плоштадот во 2.25 часот ноќеска, во несвесна состојба.
Напаѓачот, кога стигнала полицијата, се правел дека е само случаен минувач и наводно сакал да им помогне.