На 30.06.2023 било пријавено дека во Скопје на ул.„Метохиска“ патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(45) од Скопје удрило во малолетничка.

Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, а на пат кон болница починала.

Од страна на лекар од болницата „Систина“ констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.