Манчестер јунајтед игра нова бледа партија, овојпат против второлигашот Мидлзбро, откако на Олд Трафорд одиграа само 1:1.

Во рамките на шеснаестина финалето од престижниот ФА Куп, избраниците на Ралф Рангник демонстрираат немоќ против тимот од Чемпионшип.

Во 20-та минута, Кристијано Роналдо го изведе еден од најлошите пенали во својата кариера, промашувајќи го целиот гол.

Додека во 25-та минута, Џејдон Санчо донесе водство. И кога сите мислеа дека домаќинот ќе обезбеди лесна победа, се случи спротивното.

Бруно Фернандеш на стартот од вториот дел промаши празен гол, додека голема радост за Мидлзбро донесе Мет Крукс во 64-та минута.

Ќе се играат дополнителни 30 минути, а ако биде потребно ќе има и пенали.