Почесниот претседател на СПС и пратеник Милутин Мркоњиќ вчера беше погребан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград. Во вечното почивање го испрати неговата законска сопруга Драгана Даша Мркоњиќ, но и неговата партнерка Ана Бекута со која ја помина последната деценија од животот.

ДАМИТЕ НА МРКОЊИЌ

Законската сопруга на Мркоњиќ, Драгана Даша Мркоњиќ пристигнала на Новите гробишта точно во 15 часот, кога поворката тргнала кон гробното место, каде потоа бил положен ковчег со телото на Мркоњиќ. Откако беше спуштен ковчегот, Даша вметна црвена роза. Таа не присуствуваше на комеморацијата на нејзиниот сопруг, ниту на приемот на сочувство во 13 часот и 30 минути на Новите гробишта.

Даша беше во тажната поворка заедно со сестрата на Мркоњиќ, Нада, додека Бекута беше само чекор зад нив.

Даша и Ана во ниеден момент не комуницирале една со друга. По погребот, Бекута прва положи венец на гробот на својот сакан. Најшокантниот момент на погребот беше кога сестрата на Мрка, Нада, скршена од болка се приближи до ковчегот и го допре, додека министерот за образование Бранко Ружиќ на држеше.

АНА ПРИМАШЕ СОЧУВСТВО

Голем број луѓе и од политичкиот свет и од естрадата вчера дојдоа на Новите гробишта да се простат од пратеникот, поранешен министер и почесен претседател на СПС. Сочувство примија Ана Бекута, врвот на СПС, како и сестрата на Мркоњиќ, Нада.

Околу ковчегот имаше многубројни венци, меѓу кои и црвени рози, заштитен знак на СПС. На просторот пред капелата стоел сандак со телото на Мркоњиќ, а на Мрка му ја исполниле последната желба, па социјалистот бил погребан без верски обележја, а наместо крст била поставена пирамида.

Долгогодишната партнерка на Мркоњиќ, Ана Бекута, не можеше да ги запре солзите. Со неа цело време биле синот Игор Полиќ и внуците Соња и Бранко. Видно се потресе и сестрата на Мркоњиќ, Нада, која едвај стоела на нозе, па кога добила сочувство и донеле столче за да седне.

📷

📷

📷