Голема полициска акција е во тек на подрачјето на Градачац, но од Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла не можеа да соопштат детали, со оглед дека операцијата е тајна.
– Како што неофицијално дознаваме, акцијата се спроведува на поширокото подрачје на Градачац, а по извршените претреси ќе се знаат деталите, објави Klix.ba.
Според пишувањата на локалните медиуми, пред 6 часот утринава на влезот во Градачац биле забележани голем број комплетно опремени полициски возила. Повеќе информации за полициската акција ќе има наскоро.
Пред речиси две недели на ова место се случи тројно убиство кое го шокираше регионот откако Нермин Сулејмановиќ во живо на Инстаграм ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, а потоа вооружен прошета низ градот и уби уште две лица.
Тој рани уште три лица, а Низама бил мачена и застрелана пред очите на своето деветмесечно дете. После тоа се постави прашањето за одговорноста на полицијата и обвинителството во кантонот Тузла, при што меѓусебно се обвинуваат за лошата реакција и лошата превенција од фемицид.