Четириесетгодишната Ана Ускова, адвокатка од Санкт Петербург, трагично го загуби животот кога пред очите на своите деца на Богојавление Водици скокнала во дупка во замрзната река и не испливала назад.
Споменатата трагедија се случи пред две години на реката Одрез, јужно од Санкт Петербург, кога Ана пред скокот се прекрстила и скокнала во отворената дупка во мразот, а силната речна струја ја однела.
На видеото кое беше објавено се гледа како Ана во црн едноделен костим за капење се крсти пред да скокне во реката.
Нејзиниот 10-годишен син и 14-годишната ќерка ги гледале нејзините последни моменти од животот пред да исчезне под мразот. Нејзините две деца врескале додека струјата ја влечела нивната мајка под силниот мраз на замрзнатата река.
Loading...
Loading...