Сообраќајна несреќа попладнево се случи кај ТЦ „Мавровка“ во која, според фотографиите кои читатели ги испратија до нашата редакција, учествувале две возила, објави новатв.мк.

Очевидци велат дека до несреќата дошло кога возилото од марката „голф“ набрзина излегло од паркингот кај Скендербег и директно се забило во друг автомобил кој го тој момент ја минувал раскрсницата.

Се чека полициска екипа да изврши увид и засега нема информации за евентуално повредени патници.