Во страшна сообраќајна несреќа животот го загуби 25-годишниот аргентински пејач и композитор Lautaro René Coronel, познат како Ел Ноба. Популарниот аргентински уметник загинал на својот мотор, откако директно се судрил со автомобил враќајќи се во својот роден град.

Семејството и пријателите со потресни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи. Во шок се и неговите фанови.

Ел Ноба, по кој беше познат на странската сцена, почина откако беше хоспитализиран во болница во Лоло, по страшната несреќа што ја доживеа на својот мотор. Музичарот удрил во автомобил додека возел кон родниот град.

– Со голема тага ве информираме за смртта на Лаутар Коронел, кој почина синоќа во нашата болница. Нашата болка во моментов е со неговото семејство, стои во лекарското соопштение.

Ел Ноба имаше армија подржувачи. Само на „Инстаграм“ го следеа 1,3 милиони луѓе.