Поранешниот маж на Анѓелка Прпиќ, Дарио, наводно има нова девојка со која веќе седум месеци се во врска, пренесуваат српските медиуми.
Станува збор за атрактивната црнка Ана Павловиќ, која не и е позната на пошироката јавност.

Како што се пишува, тие двајца се запознале откако угостителот се разведе од актерката и тоа преку заеднички пријатели.

Дарио на Инстаграм објави фотографија со Ана, па лајковите и коментарите на следбениците постојано се нижат.

Според зборовите на близок извор, Дарио и Ана одлично се сложуваат, постојано се заедно и многу се заљубени. Постојат информации и дека започнале заеднички живот.

Потсетуваме, Анѓелка и Дарио и покрај разводот останаа во добри односи.

Во прилог на тоа говори и фактот дека Дарио од Инстаграм не ги избриша фотографиите со поранешната сопруга. На неговата нова девојка тоа наводно не и смета, бидејќи била „полна со разбирање“.