Откако папараците го уловија Ѓоле Ѓогани како се бакнува со друга жена, неговата сопруга Весна Ѓогани тврди дека Ѓоле не ја изневерил и дека станува збор за семејна пријателка.

„Јас морам да кажам дека не се работи за неверство. Ова не е вистина. Таа е наша семејна пријателка која ги води нашите работи. Ние секојдневно сме во контакт со неа. Таа му се заблагодарувала на Ѓоле бидејќи му однесе телевизор на неговиот брат“ вели Весна.

Пејачката вели дека му верува на својот сопруг и дека ќе и кажал доколку има друга жена.

„Кога Ѓоле би имал друга жена, прво ќе ми кажеше на мене. Кога имаме проблем, ние тоа дома го решеваме“, вели Ѓогани.

Ѓоле тврди дека снимката измонитирана и дека нема ништо со жената, дека таа го бакнала од благодарност.

„Весна кажа се, што друго да кажам? Таа ме праша и јас и кажав дека се е во ред, дека нема ништо од тоа и крај. Нема зошто да ми даде друга шанса. Тоа беше бакнеж од благодарност, ништо повеќе“, изјави Ѓоле.