Пејачката Теа Таировиќ, чија популарност зеде нагорна патека во моментот кога нејзиното интимно видео се појави во јавноста, заработува, како што пишуваат српските медиуми, 5.000 евра за еден настап, без бакшиш.
Летово Теа ќе има 52 настапи, колку што и се предвидени засега, од кои ќе заработи вртоглава сума.
Како што пишува српски „Курир“, таа зема 5.000 евра за еден настап, без бакшиш, а кога тоа ќе се помножи со педесет и две изведби, доаѓаме до бројката од 260.000 евра.
Да потсетиме, Теа Таировиќ минатото лето имаше голема летна турнеја, на која заработи и голема сума од 126.000 евра, што е двојно помалку од она што пејачката ќе го земе оваа сезона. Таа тогаш пееше за 3.500 евра по настап кога се во прашање клубовите.
Познато е дека често пее на приватни забави, на кои освен хонорари добивала и многу бакшиши. На една од таквите прослави за неполни три минути гостите и дале сума од 5.000 евра, што секако е огромен бакшиш.
Инаку, Теа во една прилика откри каков и бил првиот хонорар, односно пеела за 500 денари.