Контроверзната учесничка во реалното шоу „Задруга“, Мина Врбачки тврди оженетиот српски фудбалер од Војводина, Владимир Ковачевиќ флертувал со неа на Инстаграм, а како доказ за ова тврдење таа објави и разговор со него.

– Бомба, бил коментарот на фудбалерот на фотографија што ја објавила Мина, на која се гледа како таа стои на креветот во долна облека и држи розови балони.

После тоа, Врбашки објави известување дека телефонскиот број што кружи на социјалните мрежи не е нејзин, па спортистот го искористи за да го побара вистинскиот број.

– Тогаш, дај ми го твојот број, Мина, и напишал тој.

Старлетата очигледно немала никаква врска со него ниту пак одговарала на пораките, но ги прикажала и ја означила неговата сопруга Милана Ковачевиќ на Инстаграм за да го види нејзиниот сопруг како се нафрла врз неа.

– Ова се денешните мажи кои се во брак, напиша таа.

Набргу потоа, профилот на Инстаграм на овој фудбалер беше затворен. Тој е дефанзивец кој израснал во младинската школа на Војводина. Извесно време играше за првиот тим, па по успешната епизода во Спартак, се врати во Нови Сад во сезоната 2016/17. Играше само шест месеци, а потоа замина во Белгија.