Осумнаесетгодишно девојче од Куманово загина, а две лица се повредени, во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово.
Сообраќајката се случила синоќа во 21:55 часот, на еден километар пред наплатната рампа на патарината во Романовце, во насока на Куманово, кога патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.В.(20) од Куманово удрило во товарно возило „застава“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(55) од селото Старо Нагоричане, кумановско.
„На местото на незгодата починала М.М.(18) од Куманово, сопатничка во возилото „ауди“. Додека, С.В. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово“, – соопшти МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.