Ноќеска, на 54 години, почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“, кој беше осуден на 12-години затвор.
Тажната вест ја потврди директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов, кој вели дека на Југ му се слошило додека го славеле роденденот на неговата ќерка.
Најверојатно се работи за масивен срцев удар бидејќи кога пристигнале, лекарите можеле само да констатираат смрт.
-За жал информацијата е точна. Му се слошало на роденденот на неговата ќерка по што починал. Тој беше на судски прекин на казната, изјави директорот Пандов.
Југ бараше повторно судење за „27 април“ со тврдење дека не го загрозил уставниот поредок на Македонија, ниту сторил терористичко загрозување.
Среќен седми роденден Катарина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди, напиша Југ вчера на социјалните мрежи.