Милутин Сретеновиќ Срета, пејач на „Mostar Sevdah Reunion“ и поранешен натпреварувач на шоуто „Никогаш не е доцна“, почина утрово во Макарска во хотелска соба, откако оваа музичка група одржа концерт синоќа во Хрватска.
– Шокиран сум, загубивме прекрасен човек и врвен уметник. Се разбира, ги прекинуваме концертите на „Mostar Sevdah Reunion“. Вечерва требаше да имаме концерт во Шибеник, а еден ден подоцна во Трогир, рече шокираниот продуцент на концертот Томислав Кашjeевиќ за „Аваз“.
Како што вели, Срета синоќа ја испеа „Čudna jada od Mostara grada“ како последна песна. После тоа, тој не сакал да вечера, туку се повлекол во хотелска соба.
Цимерот на Срета, тапанарот Сенад Трновац, утрово се вратил во својата хотелска соба по појадокот и за жал забележал дека Срета не дише и повикал брза помош, која констатирала смрт.
Милутин Сретеновиќ Срета имаше 74 години и се прослави со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“.