Претходно беше објавено дека во просторијата каде Кика се самоубила биле пронајдени одредени супстанци, но како што се дознава од извори блиски до починатото девојче, токму оваа комбинација била кобна за „јутјуберката“.
Познатата инфлуенсерка за чија трагедија се потресе цела Србија, Кристина Кика Ѓукиќ се си го одзела животот со предозирање со бенседини и екстази, дознава Објектив.
Имено, претходно беше објавено дека во просторијата во која Кика се самоубила биле пронајдени одредени супстанци, но како што се дознава од извори блиски до починатото девојче, токму оваа комбинација била кобна за „јутјуберката“.
Да потсетиме, Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби пред два дена во изнајмен стан во центарот на Белград. Кристина се бореше со насилството на социјалните мрежи, а трагичната вест шокираше многумина.
Таа беше српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј YouTube канал имаше 700.000 претплатници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград.