Први фотографии на хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ со новиот дечко, криминалниот инспектор Јоспи Плавиќ (49), објави хрватскиот магазин „Глорија“.
„Прегрнати и насменаи. Криминалистичкиот инспектор Јоспи Плавиќ е новата љубов на пејачката Даниела Мартиновиќ која во екслузивно интервју за „Глорија“ открива како зрелите години и донеле мир, слобода и среќа“, пишува во објавата на Инстаграм од магазинот.
Фотографиите се направени додека парот се шета во парк.
„Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокатот поднесе пријава за кражба на идентитет во мое име преку Интернет. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа“, изјави Данијела, додавајќи дека нивната љубовна приказна наликува на филмско сценарио.
„Поминуваме низ многу убави моменти за кои во иднина секако ќе се изразам во литературата бидејќи сакам оваа приказна да остане забележана во книга“, истакнала пејачката. Јосип има еден брак зад себе во кој добил ќерка, а со поранешната сопруга е во добри односи. Освен што работи како инспектор, Јосип е дел и од бендот „Изван Закон“, во кој свири гитара и пее придружни вокали, пишува Слободна Далмација.