Телото на маж со идентитет Д.Б. било пронајдено во еден угостителски објект во Бања Лука, а вештакот утврдил дека се работи за природна смрт, потврдија од Управата на полицијата во Бања Лука, пренесуваат утрово босанските медиуми.
Портпаролката на полициската управа Данијела Мучибабиќ изјави дека телото било пронајдено вчера во тоалет во угостителски објект на улицата „Јеврејска“ во Бања Лука.
Пријавата за пронаоѓањето на телото полицијата ја добила синоќа околу 21.20 часот, а на местото на настанот покрај полицијата бил и дежурен судски вештак.