Адријан Гаџа по долго време се појави во јавноста со неверојатна приказна за неговата мајка.

Сузана, мајката на познатиот пејач, во фустан и по патики на студено време танцуваше пред ресторанот на Гаџа, а пријателите, гледајќи го видеото на социјалните мрежи воодушевено коментира и се восхитуваа на нејзината енергија.

Гаџа одвреме-навреме знае да објави слика од својата мајка која изгледа доста помладо, а една од е од прославата на 8 Март, кога ѝ подари букет рози.

Да потсетиме, Адријан Гаџа беше еден од најпопуларните музичари на нашата сцена од почетокот на 2000-та година. Тој потоа се повлече од музичката сцена во Македонија и повеќе работеше во Косово и во Албанија каде што, исто така, е доста популарен.

Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која е многу поголема од македонската и бара поголем ангажман и посветеност. На прашањето дали наскоро ќе запее нешто и за домашната публика тој одговори дека „никогаш не се знае“.

Нашиот евровизиски претставник од 2008 година, кој настапи со песната „Let Me Love You“ заедно со Тамара Тодевска и Врчак и не успеа да влезе во финале, по многуте учества на музички фестивали и освојувањето на албанскиот пазар, потоа отвори ресторан во Скопје.