Најмалку 174 луѓе починаа во стампедо на фудбалски натпревар во Индонезија во една од најголемите катастрофи на стадион. Повредени се уште барем 180 луѓе откако домашниот тим Арема загуби од големиот ривал Персебаја на преполниот стадион во Маланг, Источна Јава.
Стампедото се случи откако полицијата употреби солзавец да ги растера навивачите кои навлегоа на теренот. Се рашири паника и илјадници тргнаа одеднаш кон излезите на стадионот „Канџухуран“, при што многуина се задушија.
Првичните извештаи беа дека бројката на загинати е околу 130, но заменик гувернерот на Источна Јава потоа соопшти дека загинати се 174, а уште 11 се во критична состојба.
Индонезиските власти кажаа дека на стадионот со капацитет од 38.000 имало 4.000 луѓе повеќе. Според видеата од социјалните мрежи, дел од навивачите се спуштија на теренот откако судијата означи крај на натпреварот, кој заврши со победа на гостинскиот тим од 3:2.
„Стана анархија. Почнаа да напаѓаат полицајци, да оштетуваат возила. Би сакал да нагласам дека тоа беа само околу 3.000 кои влегоа на теренот, не беа сите“, кажа Нико Афинта, шефот на полицијата во Источна Јава, додавајќи дека меѓу загинатите има и двајца полицајци.
Penembakan gas air mata salah satu penyebab puluhan jiwa tewas di stadion kanjuruhan. STOP KOMPETISI ATAS DASAR KEMANUSIAAN! Cc @jokowi @Kiyai_MarufAmin pic.twitter.com/O5kgtSbgK7
— Instagram @akmalmarhali20 (@akmalmarhali) October 1, 2022
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸