„Американ Хоспитал“, крајниот сопственик од Тирана влезе во Македонија како инвеститор и нов газда на ВФВ Поликлиник, отворена во скопски Бутел пред три години од бизнисменот и поранешен владин бизнис промотор Ферки Демировски и поранешниот министер за економија Беким Незири.
„Американ Хоспитал“ во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија и Косово, каде поседуваат 6 медицински центри, а од таму веќе известија дека во планот за регионално проширување им се Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија. Вредноста на Фондот во моментот изнесувала 320 милиони американски долари. Сопственик на „Американ хоспитал“ во Тирана, пак, е Balkan Alliance Healthcare, која беше поврзана со контроверзниот албански бизнисмен Клодијан Алајбеу.
На свеченото отворање пред три години на клиниката ВФВ во Скопје, како косопственик заедно со бизнисменот Ферки Демировски беше претставен поранешниот министер за економија Беким Незири, а целото раководство на ДУИ присуствуваше на свеченоста. Исто така, по отворањето на приватната служба за интервенции, поранешниот министер Венко Филипче се обиде да ја внесе во здравствениот систем покриен од државата.
Во последно време здравството како дејност се претвори во златен рудник за приватници со мотиви кои се исклучиво пазарни. Драстично понискиот степен на развој на јавното здравство остава повеќе од доволно непополнет простор што бизнисмените лесно го забележуваат и се обидуваат да го освојат.
Во моментов Феми Незир и Ферки Демировски се крајни сопственици на поликлиниката на примарно ниво ВФВ Поликлиник Скопје, која се наоѓа на територијата на Општина Бутел.
(извор: фактор.мк)