Проекција на светскиот хит „Опенхајмер“ во киното „Синеплекс“ била прекината на половина поради силното невреме што минатиот викенд го зафати Скопје. Силниот дожд и ветер уништија и дел од опремата во киното.
Краткото невреме проследено со дожд и ветер кое пред неколку дена го зафати главниот град, предизвикало краток прекин во напојувањето со електрична енергија и уништи дел од опремата во киното „Синеплекс“. Прекинот на електричната енергија се случил за време на проекцијата на филмот „Опенхајмер“, по што проекцијата била прекината,и според сведочењето на присутните тие по 45 минути чекање ја напуштиле салата без никакво образложение од вработените.
Од „Синеплекс“ велат дека филмот бил прекинат затоа што снемало струја во трговскиот центар, прекин кој бил предизвикан од силното невреме.
– Поради невремето и при снемувањето на струјата се оштети дел од техниката во сала 4. Парите им беа вратени на сите кои тоа го побараа, а оние кои не сакаа да добијат пари имаа можност да земат билет за други денови повторно да си го изгледаат филмот, се вели во одговор кој службите на киното го доставија до Скопје Инфо.
„Опенхајмер“ е еден најпопуларните филмови кои се прикажува во кината насекаде низ светот. Станува збор за биографскиот филм за Роберт Џеј Опенхајмер, таткото на атомската бомба.