Приказната за Светозар П. (50), од селото Коцељева во западна Србија, кој ја нападна полицијата со крстот што го направил за својата невенчана сопруга Лепосава П. (64), одекна во регионот. Се уште не е јасно што точно се случило и зошто тој се одлучил на ваков чекор.

Да потсетиме, Светозар ја нападна полициската патрола која дошла со медицинско лице да констатира смрт, откако тој пријавил дека неговата сопруга починала. „Вдовецот“ ги нападна со крст за погребот на жената, кога му рекле дека таа е само во несвест и е жива.

Д -р Емилија Лазаревиќ рече дека по пристигнувањето пронашла бизарна глетка во куќата – жена со избричена глава лежела во кревет, покриена.

– Зад неа имаше свеќа, а до неа крст направен од летви врзан со кабли. Веднаш видов дека жената е жива, го слушнав нејзиното длабоко дишење. Кога почнав да ја повикувам, таа само крена веѓа бидејќи не можеше да ги отвори очите. Не можеше ни да зборува, опишува докторката.

Потоа докторката им рекла на полицајците и на Светозар дека Лепосава не е почината.

– Побарав медицинска документација за нејзината здравствена состојба, тоа го изнервира Светозар. Почна да вика, да фрла хартии низ куќата, да станува хистеричен, па полицијата го изнесе надвор.

Во моментот кога Светозар ја нападнал полицијата, докторката бил во куќата кај Лепосава, но таа јасно слушнала дека нешто се случува во дворот.

– Полицијата ми кажа дека Светозар го нападнал инспекторот кој му рекол на јавниот обвинител дека жената е жива. Потоа го скршил задното стакло на полицискиот автомобил. Едвај го совладале и му ставиле лисици. Тој постојано викаше: “Сакате да кажете дека сум луд. Дека не знам оти жена ми починала”.

Лепосава проговорила дури во амбулантата.

– Кога дојде при себе, почна да зборува. Веднаш се посомневав дека и дава некои апчиња, бидејќи кога стигнавме во Шабац, таа зборуваше сосема јасно. Таа, исто така, почна да се распрашува каде е Светозар, а потоа праша: „Тој е луд, се плашам од него“, објаснува д -р Емилија Лазаревиќ.

Светозар бил во затвор

Од друга страна, соседот на Светозар, Драгослав П. (61) се обиде да не убеди во нешто друго, пишуваат српските медиуми.

– Во брак се 15 години, секогаш добро се сложуваа. Тој е добар човек, иако веќе беше на психијатриско лекување, вели Драгослав.

Според зборовите на соседот, Светозар бил во затвор пред 20 години бидејќи лишил од живот својот чичко Живорад.

– Верувам дека се исплаши, кога ја виде Лепа како лежи и не реагира, да не биде повторно обвинет за убиство. Така тој веднаш повикал брза помош и полиција, и додека не пристигнале, ја повикал нејзината ќерка од првиот брак, направил крст и купил свеќа. Проблемот настанал кога му рекле дека ќе ја однесат во болница. Тој им рече: „Досега, и ги менував пелените секој ден, пак ли ќе продолжам?“.