Уште едно тело е пронајдено при дополнителен преглед на автобусот со починатите државјани на Република Северна Македонија кој излета на автопатот Струма. Станува збор за дете.
Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа стана 45, како што првично беше објавено. Информацијата ја потврди заменик главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба Борислав Сарафов за Бугарското национално радио.
„Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме во автобусот, 7 се во „Пирогов“, за жал друг не е спасен“, рече тој.
Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот се упатиле во Скопје каде ќе останат таму најдоцна до недела.
-Мора да ја донесат документацијата поврзана со изгорениот автобус и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот, соопшти Сарафов.