Мајка и дете го загубија животот во саботата вечерта во поплавите во градот Пеќ во Косово.

Регионалната полициска управа Пеќ соопшти дека на 24.06.2023 година, како последица на поплавите во градот Пеќ, во населбата Аслан Ќешме, едно дете го загубило животот, додека неговата мајка исчезнала.

Околу 23 часот и 10 минути од регионалната болница во Пеќ била известена полицијата за прием на петгодишно дете без знаци на живот.

По акцијата на полициската единица со помош на единицата за пребарување и спасување на Косовските безбедносни сили, околу 1:20 часот по полноќ, пронајдено е телото на исчезнатото женско лице, чија смрт била констатирана од лекарскиот тим.

Исто така, во населбата Фиданиште во Пеќ, две повредени лица се испратени во регионалната болница.