Ирена Р. (35), која загина вчера на Копаоник кога моторната санка што ја управуваше нејзин познаник удри во дрво, е ќерка на угледен новосадски лекар.
Нејзиниот татко е вработен во ДЗ Нови Сад како специјалист по гинекологија и акушерство, а во својата кариера работел и во здравственот дом во Зрењанин, како и во приватна ординација. Тој е многу почитуван и угледен лекар во својата област.
Семејството е родум од Дрвар, а во Нови Сад важи за угледно. Соседите од Ветерник кои живеат на нивната улица се уште се во шок.
– Сè уште сум во шок, Ирена беше толку убава девојка, целото семејство беше толку хармонично, ова е ужас – рече една од сосетките, која не можеше да ги сокрие солзите во очите. Другите само одмавнуваат со главите, не сакаат да се помират со фактот дека нивната омилена сосетка веќе ја нема.
Голем број автомобили синоќа беа паркирани пред куќата, додека роднините и соседите дојдоа да изразат сочувство до семејството. Ролетните се спуштени до половина, а завесите се повлечени на прозорците, пишува Телеграф.
– Ветерник е мало место, сите овде се знаеме и сите сме во оваа населба како семејство, страшно е тоа што им се случи на соседите, не можам ни да замислам како им е на мајката и таткото, на д-р Милош, вели сосед кој живее во близина.
Ирена дипломирала на Правниот факултет во Нови Сад, а потоа магистрирала, по што се запишала на докторски студии, инаку била една од најдобрите студенти.
Да потсетиме, покрај Ирена, почина и нејзиниот нов познаник Драган В.(39) од Александровац, кого го запознала вечерта во кафуле на скијачката патека. Нивните тела сосема случајно ги пронашле спасувачите од Планинската служба, а телото на Драган било на околу 20 метри од санката.