На 28.03.2026 околу 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Зеф Љуш Марку“ и ул. „Фан Ноли“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И. (55) од Штип и детски тротинет, управуван од малолетничка од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила нејзината малолетна сопатничка, која исто така се превезувала на тротинетот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
СЕ ОГЛАСИ ТАТКОТО НА ПОВРЕДЕНОТО ДЕВОЈЧЕ
Возачот кој ја прегази мојата ќерка воопшто не ѝ укажа никаква помош по несреќата, вели во допис до нашата редакција таткото на девојчето.
– Напротив, тој се упатил кон својот дом, оставајќи ја повредената девојка да лежи на земја со тешки повреди. Според лекарските извештаи, таа има скршеница на ногата на три места. Дополнително, сакам да нагласам дека како родител воопшто не сум контактиран од страна на возачот, ниту пак тој се интересирал за здравствената состојба на мојата ќерка, вели тој.

