Вук Бориловиќ бил погоден со најмалку пет куршуми, покажа обдукцијата.

Според сознанијата на „Вијести“, обдукцијата покажува дека имало најмалку пет влезни рани, а со кое оружје се пукало во Бориловиќ и кои рани биле смртоносни ќе проценуваат балистички експерти и патолозите.

Бориловиќ вчера во центарот на Цетиње уби десет сограѓани, меѓу кои и две малолетни деца, а рани дополнителни шест.

„Вијести“ дознава дека Бориловиќ имал дозвола за оружјето со кое го извршил невидениот масакр во Цетиње, бидејќи имал дозвола за оружје како ловџија.

Во текот на крвавата драма, Бориловиќ по случаен избор со ловечка пушка пукал во соседите, итната медицинска помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.

Според надлежните, при „размена на оган со полицијата тој бил застрелан од сограѓанин“.

Претходно, Бориловиќ одбил да им се предаде на органите на прогонот, иако бил опколен.