Покрај многубројните обврски кои ги има за промоција на фудбалот, Роналдињо врши директна функција и како амбасадор на фудбалскиот клуб Барселона, но без оглед на ваквиот статус, тој во своето прво обраќање по фамозниот трансфер на Меси излезе со став за заминувањето на капитенот.
Легендарниот бразилски виртуоз му беше учител и соиграч на Меси на стартот на кариерата на аргентинскиот фудбалски велемајстор, па судбината посака и двајцата да бидат дел од Барселона и ПСЖ, со напомена дека двајцата имаа поразличен пат.
Роналдињо и се приклучи на Барселона од ПСЖ, додека Меси го прави трансферот како слободен агент, но по 21 година мината во клубот од „Камп Ноу“.
– Големо е задоволството што играв за овие два клуба и што гледам сега како мојот пријател ќе го носи новиот дрес на ПСЖ. Имај многу среќни моменти Лео!
– Исто така сум многу среќен што и мојот колега Рамос е во тимот и мора да напоменам дека веќе ми мириса на титула во Лигата на шампионите, – порача Роналдињо.