Владимир Вавилов, претседател на добротворна организација за борба против ракот што води хоспис центар во градот Казан, ги организираше децата и нивните мајки да се наредат за да ја направат буквата „Z“, симбол на оние кои изразуваат поддршка за рускиот претседател Владимир Путин и неговата инвазија на Украина, пренесува британски „Телеграф“.

Буквата „Z“ од тенковите сега е симбол на сите оние кои ја поддржуваат војната на Путин во Украина. Вавилов ја објави фотографијата на веб-страницата на хосписот (центар каде се пружа специјализирана форма на медицинска грижа).

– Во него учествуваа нашите пациенти и целиот тим, вкупно околу 60 луѓе, напиша тој покрај сликата.

– Во левата рака држевме летоци со знамињата на LNR, DPR (самопрогласените проруски републики во источна Украина признати од Путин), Русија и Татарстан, а со десната ја стиснавме шаката, напиша тој.

Провоениот симбол „Z“ го формираа деца кои се во терминална фаза на заболување од рак.