Руските воени возила се навлезени во Киев, и се движат по улиците со цивилните возила, споделуваат жителите на Киев видеа од копнената инвазија.

Станува збор за населбата Оболон, која е на девет километри од центарот на Киев и таму во моментов се пука. Претходно, украинската армија објави дека борбите против колоните руски оклопни возила се водат во преградијата на Киев, Димер и Иванкив.

Министерството за одбрана на Украина ги повика граѓаните да останат во своите домови и да се бранат со молотови коктели.

Украинските војници го уништиле мостот на границата на реката Тетерив за да спречат понатамошно напредување на руските сили.

Киев е подготвен за преговори со Русија за неутрален статус

Украина е подготвена да започне преговори со Русија за неутрален статус, но сепак неопходни се безбедносни гаранции, јавуваат украинските медиуми, повикувајќи се на зборовите на советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак.

„Украина секогаш оставала простор за преговори. Меѓу другото, и сега, кога Русија реши да изврши инвазија во целост. Таа војна мора да се прекине.

„Борбите мора да престанат“, рече тој.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека порано или подоцна ќе започне дијалог меѓу Русија и Украина за да се запрат борбите.

Претходно, во специјално обраќање до граѓаните на Русија, претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.

Руски војници облекле украинска униформа и тргнале кон центарот на градот

Русија не бира средства како да ја порази Украина, а освен моќното оружје што го поседува, армијата на Владимир Путин користи и финти кои досега сме ги гледале само на филмовите со Жан Клод ван Дам и со Стивен Сегал.

Имено, руската армија запленила две воени возила на вооружените сили на Украина, па дел од руските војници ја облекле украинската униформа што ја носеле заробените украински војници и така се упатиле кон центарот на Киев.

Оваа информација ја потвердил и украинскиот заменик-министер за одбрана, пренесува „Киев Индипендент“.