Само пред неколку дена, балканската јавност имаше можност да види непријатна сцена на маж против жена, на телевизија која има национална фреквенција за емитување, секако во реално шоу.
Поранешниот затвореник Кристијан Голубовиќ фати за врат една од учесничките во реалното шоу, и додека со едната рака ја гушеше, со другата и ја повлече косата. Се разбира, обезбедувањето застана и гледаше сè.
Како што беше забележано на видеото што се шири на социјалните мрежи, таа во еден момент изгуби свест и падна на подот.
Но, за жал, ова е само една во низата сцени кои за жал станаа секојдневна реалност за учесниците во последните години.
Во последните неколку месеци, учесничката по име Маја Маринковиќ речиси секој ден се пресметуваше со своето момче, кое исто така е во реалното шоу.
Дека нивната борба за популарност го достигнала својот врв, потврдуваат и моментите кога таа се обиде свесно да си наштети на неколку наврати. Имено, таа најпрво ја тресна главата во вратата, а само неколку дена подоцна ја повтори истата сцена, но потоа и на стаклената врата.
Покрај ваквите сцени, учесниците во реалните шоуа дури се обидуваат да си ги пресечат вените.
Сепак, коментираат српските медиуми, можеби најлошото нешто што можеше да ни се случи во „морето“ со слична содржина што е поставена на други телевизии со национална фреквенција, е тоа што Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) на Србија не спроведува истрага и е претежно молчи.