Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ се уште ги собираат впечатоците од свадбената церемонија која ја приредија минатата недела за нејзиниот син Данијел, кој го кажа судбоносното „да“ на избраничката Тијана.

Саша Поповиќ, кој на наследникот на сопругата од првиот брак гледа како свое дете, и пејачката, покрај свадбената веселба на младенците им подариле и луксузен стан во зградата што поранешниот директор на „Гранд“ ја гради во белградската населба Бежанијска коса.

– Парот веќе има свој покрив над главата каде што моментално живеат, а новиот имот секако е добредојден. Тијана и Даниел планираат големо семејство и секако ќе им одговара поголем стан, пишува српски „Курир“.

На Сузана и Саша децата им се на прво место, како и нивната среќа, па се трудат максимално да им помогнат во животот и кариерата.