Српскиот пејач Aца Лукас се огласи откако беше уапсен во Шведска и депортиран од земјата, обвинувајќи го организаторот на настанот за целиот инцидент.

Лукас во својата изјава тврди дека не бил навремено информиран за административните и законските процедури потребни за неговиот настап, поради што, како што вели, дошло до проблеми со властите.

Според него, одговорноста не е кај него, туку кај организаторот кој требало да ги обезбеди сите неопходни дозволи.

„Ќе го тужам организаторот“, порача пејачот, нагласувајќи дека претрпел штета и непријатност поради целиот случај.

Инцидентот предизвика големо внимание во јавноста, особено меѓу неговите фанови, со оглед на тоа што станува збор за еден од најпознатите изведувачи на регионалната музичка сцена.

Засега нема официјални информации дали ќе има дополнителни постапки поврзани со случајот, но се очекува разврска по најавената тужба.