10-тина години живееше и работеше во Италија, но за време на летните периоди редовно доаѓаше во родната Македонија да ги посети своите родители, веста за неговата смрт ја примивме во шок и неверување, вака близок роднина на еден од загинатите во кобната сообраќајна несреќа што се случи на католички Велигден во италијанската провинција Асти раскажува за 31-годишниот А.К. од селото Саса, општина Македонска Каменица.

Во тек се процедурите за преносот на останките во Македонија. Денес, Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓаните во сообраќајната несреќа во Италија, во која загинаа тројца наши иселеници, сите на оkолу 30-годишна возраст.

Инаку, од македонското Министерство за надворешни работи во текот на вчерашниот ден соопштија дека претставниците на конзулатот и амбасадата во Италија се во контакт со дел од семејствата на починатите. Тие ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија во Македонија.